Жикомпри е висококвалитетен образовен софтвер, кој вклучува голем број активности за деца на возраст од 2 до 10 години.
Некои од активностите се ориентирани кон игри, но сепак се едукативни.
Подолу можете да најдете список на категории со некои активности достапни во таа категорија.
- откривање на компјутер: тастатура, глувче, различни гестови на глувчето, ...
- аритметика: меморија, набројување, отцртување слика, балансирање на вага, враќање кусур, ...
- наука: заклучување на каналот, мешање на бои, концепт на гравитација, ...
- игри: меморија, поврзи 4, икс и точка, судоку, ханој кула, ...
- читање: пракса за читање, ...
- друго: учење на часовник, учење на брајовиот систем, лавиринт, музички инструменти, ...
Во моментов, Жикомпри нуди повеќе од 100 активности и уште се развиваат. Жикомпри е слободен софтвер, тоа значи дека можете да го прилагодите на вашите сопствени потреби, да го подобрите и што е најважно, да го споделите со децата секаде.
